Русија
Путин ќе одржи традиционална годишна прес-конференција
19.12.2025 11:06
Рускиот претседател Путин денеска ја одржува традиционалната годишна прес-конференција, на којашто што ќе одговара на прашања од граѓани.

Рускиот претседател Путин денеска ја одржува традиционалната годишна прес-конференција, на којашто што ќе одговара на прашања од граѓани.
На настанот „Резултати на годината“, кој Путин го организира во различни формати речиси секоја година од 2001, се очекува да доминираат прашања поврзани со руската економија, нуклеарното оружје и она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.
Учесниците на денешниот настан мора да направат КОВИД тест – кој сè уште е рутинска постапка за состаноци на кои учествува 73-годишниот Путин.
