Австралиската полиција на готовс, приведени седуммина мажи
Специјалните сили приведоа седуммина мажи поради страв од можно планирање насилен чин...

По крвавиот напад на плажата „Бонди“ во Сиднеј во кој загинаа 15 лица, австралиската полиција на готовс. Специјалните сили приведоа седуммина мажи поради страв од можно планирање насилен чин. Полицијата на Нов Јужен Велс дејствувала врз основа на разузнавачки информации дека лица кои допатувале од Мелбурн имале „екстремистичка исламска идеологија“.
Властите соопштија дека по распитот лицата се ослободени. Австралискиот премиер потврди дека владата ќе воспостави национална шема за откуп на оружје.
Тој, исто така, откри дека Канцеларијата за национално разузнавање идентификувала редовен видео канал од ИСИС што потврдува дека нападот во Сиднеј бил инспириран од Исламска држава.
