УХМР

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово

19.12.2025 09:49

Најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи...

Изутринава најстудено било во Скопје - Петровец, Битола, Струмица и Берово, каде е измерена минимална температура од-4 степени Целзиусови, а најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Тетово, Велес и Демир Капија изутринава се измерени-3, во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци и Прилеп-2, во Претор и Маврови Анови 0, во Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Попова Шапка 1 степен и во Охрид 2 степени Целзиусови.