Штип

Обвинетиот за убиство на турскиот државјанин во Штип го призна делото

19.12.2025 13:37

Во Штип се одржа ново рочиште од судскиот процес против обвинетите за убиството на турскиот државјанин. Првообвинетиот призна вина...

Кадир Кара од Турција, обвинет за убиство со умисла на турскиот државјанин Енес Оздемир, на денешното судско рочиште го призна делото и пред судот изјави дека не го планирал убиството, туку на средба со жртвата во кафуле во центарот на Штип отишол за да разговара. Но откако видел дека таму биле седуммина блиски на убиениот, проценил дека му подготвуваат заседа и убиството го сторил за да се одбрани. И неговиот адвокат смета дека се работи за „убиство на миг“ а не за убиство со умисла.

Петмината инволвирани во убиството на турскиот државјанин се обвинети дека на 8-ми мај годинава во Штип извршиле дрско, организирано убиство со логистичка поддршка. Обвинетиот за убиството бил со непријавен престој во државата, со оружје за кое немал дозвола, осудуван во Турција за слични кривични дела. Двајца од обвинетите за помагање исто така биле осудувани во Турција, а во Македонија се претставувале со лажен идентитет.

Славица Величковска