Нови програми за специјализации
По 15 години се менуваат програмите за специјализации. Надлежните уверуваат дека ќе се произведува кадар со пошироки знаења, што ќе одговори на реалните потреби на пациентите.

Специјализациите по интерна медицина и хирургија ќе се одвиваат по нови програми. Имплементацијата ќе почне откако ќе се произнесат и другите катедри, најави министерот за здравство, Алиу.
14 годишната примена на моделот на специјализации и субспецијализации, покажала многу недостатоци во третирањето на пациентите затоа се пристапува кон реформирање на програмите.
Во многу болници нема општ интернист, на пример, па прегледите ги врши кардиолог кој не може да даде соодветна терапија на пациентот. Затоа смета деканот на Медицинскиот факултет е повеќе од потребно да се почне со поинаква програма која веќе поминала на катедрите по интерна медицина и хирургија кои се и најболните точки според него.
Сегашните специјализации по интерна и општа хирургија се предолги кога ќе ги споредиме со субспецијализациите и колегите реално бираат да одат директно на супспецијализација, вели претседателката на Лекарската комора.
Затоа по консултации со Комората на лекари од Германија (Словенија и Австрија) Хрватска и Србија се убедени дека треба да се абдејтираат начините на кои докторите се образуваат за да може пациентите да бидат најдобро згрижени.
Фиљана Кока
