Здравство

Готов обдукцискиот наод, се чека мислењето на стручната комисија за починатото новороденче

19.12.2025 13:49

Несозреаните белодробни крила го отежнале дишењето на новороденчето поради што дошло до смрт. На потег е стручната комисија формирана од министерот Алиу, која треба да утврди дали имало пропусти во третманот на бебето.

Несозреаните белодробни крила го отежнале дишењето на новороденчето поради што дошло до смрт. За ова информираше скопска гинекологија од каде велат дека патохистолошкиот наод од обдукцијата покажал дека немало физички повреди на внатрешните органи на бебето.

„Нема физичка повреда на кој било од органите, односно „по отворањето на градната и абдоминалната празнина, васкуларните органи се со уреден анатомски статус и морфологија“. Како причина за смртта кај новороденчето се наведува респираторна инсуфициенција на респираторниот стрес синдром, односно незрелост на белодробието“, велат од Гинеколошко – акушерска клиника – Скопје.

На потег е стручната комисија формирана од министерот Алиу, која треба да утврди дали имало пропусти во третманот на бебето.

Вонредниот инспекциски надзор покажал дека документацијата за лекување на детето била уредна.

Анита Димитријевска – Велковска