Македонија

Со измените на Кривичниот закон се заострува казнената политика, правници бараат дебата

19.12.2025 15:21

Со новите измени на Кривичниот закон за злоупотреба на службената должност се враќа казна затвор од 6 месеци до 10 години. Но, ја нема формулацијата „најмалку 5 години затвор“ која практично го правеше делото речиси незастарливо и исклучуваше условна казна.

Генералната оценка е дека има заострување на казните во однос на досега, но решението е поблаго во однос на она што беше во сила до 2023 година.

Дефинитивно треба да се дебатира пред да се усвои, велат експертите. Оценуваат дека иако постои можност за условна казна, сепак казните не се мали.

Се враќаат избришаните одредби за корупција. За најтешките дела поврзани со јавни набавки и огромна штета од 4 до 10 години затвор, наместо претходните 20 години.

Една од забелешките е дека се изземат одговорните во државната управа, па се стравува дека за несовесно работење во службата нема да одговараат лица во државната управа.

Предлог-измените на кривичниот законик влегоа во собраниска процедура.

Ирина Гелевска