Дигитална трансформација

Промовирана новата Национална стратегија за развојот на ИКТ

19.12.2025 16:39

„Дигиталната трансформација е општествена реформа, не е само технички проект“ - промовирана е новата Национална стратегија за развојот на ИКТ...

Ако досега сте чекале во редици за да извадите М1 и М2 образец, ова е само еден од документите кои отсега ќе можете да ги добиете со неколку клика за неколку секунди од овие т.н банкомати кои ќе бидат распоредени на најфреквентните места во градот. Инфраструктура, дигитални вештини и обезбедување еднаков пристап до дигитални можности за сите граѓани, електронски услуги за поголема транспарентност и доверба во институциите како и дигитална економија се столбовите на Националната стратегија за дигитална трансформација.

Дигитализацијата е еден од начините за борба против корупцијата, вели премиерот Мицкоски.

Потребни се соодветна законска регулатива, човечки ресурси и обучена јавна администрација за дигитална трансформација вели професорот Чорбев.

Македонија е со скок за цели 22 места според Светска банка на планот на дигитализацијата. Како земја кандидат, државава ја прифаќа Европската дигитална декада.

 

Александра Велинова