Димитровски: Со членството во НАТО осигурана безбедноста на Македонија
Македонија покажа дека е доверлив сојузник во НАТО, следен чекор е членството во ЕУ – еден од заклучоците на трибината за евро-атлантската политичко – безбедносна архитектура...

Со членството во НАТО, за кое беше платена многу голема цена, Македонија ја осигури својата надворешна и внатрешна безбедност и стабилност, смета заменик министерот за надворешни работи и трговија, Зоран Димитровски. Вели, со својата посветеност, Македонија покажа дека е доверлив и кредибилен сојузник, а следната фаза треба да биде членството во Eвропската унија.
Надворешно политичките успеси на малите држави се случуваат како последица на јасна стратешка определба, дипломатија и силни институции и општествен консензус, смета првиот македонски амбасадор во НАТО и во Европската унија, Јован Теговски.
Светот влегува во период на редефинирање на меѓународниот поредок, во кој европската интеграција на Западниот Балкан е од исклучителна важност, порачано од трибината, посветена на тридецениското учество на Македонија во евро-атлантската политичко безбедносна архитектура.
Марија Котовска
