Вардар- Металург, доволна најава
Доволно е да се спомне Вардар-Металург за тензијата да кулминира, да се разгорат страстите и сите да очекуваме голема пресметка,беспоштедна битка, се само не обичен натпревар...

Колку и да се обиде легендата на клупата на Металург,Лино Червар со изјавата дека претстојниот е само обичен натпревар како и секој друг, да ја спушти топката и да ја намали тензијата,веројатно сите се согласни дека не е и неможе да биде така.
Доволно е да се спомне Вардар-Металург за тензијата да кулминира, да се разгорат страстите и сите да очекуваме голема пресметка,беспоштедна битка, се само не обичен натпревар.
Затоа што ривалитетот е голем, желбата за докажување уште повеќе, нешто што одамна ги надмина македонските па и балканските рамки, затоа што овие два клуба успеаја да привлечат огромно внимание, да ја поделат ракометнанта јавност како никогаш порано, затоа што двата клуба ја прославија Македонија во ракометна Европа.
Затоа Вардар-Металург е се, само не обичен натпревар. Затоа што секој може да победи и со голема разлика, затоа што бројките , традицијата и играчкиот кадар немаат пресудна улога, затоа што многупати досега победувала екипата што имала повеќе желба, мотиви и била поборбена. Затоа што секој натпревар е можност да се докаже кој владее со ракометната престолнина во Македонија. Затоа Кале вечер ќе еруптира, затоа МРТ одново ќе биде на местото на настанот за на своите гледачи да им го прикаже најактуелното на спортски план.
Затоа е доволно: Вардар-Металург,СРЦ Кале. 20:10 часот, прв програмски сервис на МРТ.
