Традиција
Прилеп го чествува Свети Никола
19.12.2025 18:32
Православните христијани во земјава го празнуваат Св. Никола. Прилеп го слави заштитникот на градот. Куќна слава на половината прилепчани, на кои другите им одат на гости …

Со благослови за радост, здравје, бериќет и добра мисла и со заедничка посна трпеза во центарот на градот, Прилеп ја прослави градската слава „Свети Никола“. За прилепчани битно е што се одржуваат традициите, особено што се врати виткањето мали посни сарми.
Одржувањето на традициите е во коренот на опстојувањето.
Традициите и заедништвото се основа за напредок на градот, а прославата е вистинска ако се пренесат пораките на светецот заштитник.
Прославата на градската слава е по 20-ти пат.
Елизабета Митреска
