СДСМ со иницијатива до Уставен за резолуцијата за мигрантите, премиерот Мицкоски остава судот да донесе одлука
СДСМ со иницијатива до уставен за укинување на резолуцијата за мигрантите што беше усвоена од Собранието. Сметаат дека е неуставна, обвинија и дека власта ги олеснила условите за привремен престој на странци. Премиерот Мицкоски остава судот да донесе одлука, но ги обвини социјалдемократите за водење лажна кампања.

СДСМ до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценка на уставноста на резолуцијата за потврда на политиките против нелегалната миграција, донесена од Собранието, на предлог на власта. Според партијата, документот е неуставен и ги загрозува основните човекови права и слободата на говорот, јавен настап, како и слободата на уверувањето.
Премиерот Мицкоски остава Уставниот суд да донесе одлука, но, жали што СДСМ не присуствувале на собраниската седница на која заеднички сите партии ќе се обврзат дека нема да се дозволи изградба на мигрантски кампови, прифаќање на каков било тип мигранти или азиланти, како резултат на некаков договор.
Собранието неделава ја изгласа резолуцијата, а опозиционерите не беа присутни во салата.
Игор Панов
