Македонија
„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – кампања против употребата на петарди и друга пиротехника
19.12.2025 17:27
„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – и покрај предупредувањата и апелите, граѓаните никако да се откажат од навиката да пукаат петарди и друга пиротехника. Лекарите алармираат на опасноста...

Забавна за момент, кобна за цел живот. Ова за среќа е симулација, но од употребата на пиротехнички средства може да настанат сериозни повреди, како губење екстремитети и изгореници. Само лани на детска хирургија имало хоспитализирано три деца со тешки повреди.
Мора да се почне со едукација на децата уште од предучилишна возраст.
Годинава МВР запленило 150 илјади парчиња пиротехника, за три пати повеќе од лани.
Новата година може да биде забавна и без употреба на пиротехника, советуваат надлежните.
Александра Спировска
