Аерозагадување

Аерозагадувањето руши рекорди, во сила итни мерки

20.12.2025 09:16

Мерните инструменти покажуваат дека горната граница на загаденост е надмината во повеќе скопски општини. Маглата дополнително ја влошува ситуацијата...

По Кичево и Струмица, итните мерки против аерозагадувањето на сила и во Скопје. Мерните инструменти покажуваат дека горната граница на загаденост е надмината во повеќе скопски општини. Маглата дополнително ја влошува ситуацијата.

Министерството за животна средина ги активираше протоколите за заштита на здравјето на граѓаните, со посебен фокус на ранливите категории.

Главната мерка насочена кон работодавците, кои се задолжени да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години и хронично болните. Пулмолозите со апел до сите граѓани, ако немаат итна потреба, да не излегуваат надвор.