Недостиг од соодветни кадри за стопанството
Годинава изминува со предизвиците на пазарот на трудот кои ќе не следат и во новата година. Како да се стигне по дпоголема продуктивност која ќе го следи порастот на платите, а да не се подгрее инфлацијата?

Иако пазарот на трудот го следеше намалувањето на невработеноста која е на солидни 12,5 проценти, како и порастот на просечната плата, останува недостигот од потребните кадри, посебно за зелените и дигитални вештини. Мора да се зголеми продуктивноста за да го следи растот на платите, ако не сакаме да се подгрее инфлацијата, оценува универзитетскиот професор Димитар Николоски и експерт по пазарот на трудот.
2026 година ќе биде во знакот на усогласувањето на минималната плата во март, доследна примена на Законот за работно ангажирање на лица за да се надмине сезонскиот недостаток на работна сила, донесување на законот за социјални претпријатија и регионален развој преку паметна специјализација на регионите.
Стратегиите за економски развој се неопходни.
Прекупотребни ни се стратегии и поддршка на домашното производство, што ја бара стопанството, зашто сме увозно зависни што пак ги подгрева цените.
Елизабета Митреска
