Македонија

Утрово најстудено во Берово со измерени – 5 степени

20.12.2025 11:13

Најстудено беше во Берово со измерени – 5 степени. Температури под нулата се регистрирани и во Битола и Струмица (– 4), како и во Скопје-Петровец и Штип (– 3 степени). Во Демир Капија, Велес и Куманово утринската температура изнесуваше – 2 степени

Утрото во Македонија донесе ниски температури, при што најстудено беше во Берово со измерени – 5 степени. Температури под нулата се регистрирани и во Битола и Струмица (– 4), како и во Скопје-Петровец и Штип (– 3 степени). Во Демир Капија, Велес и Куманово утринската температура изнесуваше – 2 степени, додека – 1 степен беше измерен во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Маврови Анови и Претор. Нулта температура е измерена во Крива Паланка и на Попова Шапка, додека најтопло утринава беше во Крушево со 2 степени, по што следат Виница со 2 и Охрид со 1 степен.