Циркуларната економија е императив за одржлив развој
Македонија е една од шесте економии од Западен Балкан кои се обврзаа да го отворат патот кон одржлива циркуларна економија, како дел од спроведувањето на европската „Зелена агенда“. Ефикасно управување со ресурсите и намалување на отпадот се главните принципи на циркуларната економија која има поддршка и од научната и од бизнис заедницата.

Концептот на циркуларната економија е продукција на производи со долг век, со можност за рециклирање и поврат на суровините. Оваа економија цели кон помалку отпад, помалку штетни емисии, заштеда за компаниите и одржлив развој на долг рок. Научната фела смета дека добар дел од она што го третираме како отпад е профитабилен репроматеријал
Зголемувањето на стапката за циркуларна употреба на материјалите е дел од стратегијата“ Европски зелен договор“. Македонското стопанство мора да се прилагоди кон овие состојби, став на Стопанската комора
Текстилниот отпад е еден од најголемите загадувачи. Македонија годишно продуцира околу 35 илјади тони текстилен отпад. Фондацијата за развој на локалната заедница во Штип практикува циркуларна економија од 2017 и врши реупотреба на овој отпад за изработка на нови производи преку социјално претприемништво.
Славица Величковска
