Струмица

Стимулациска вежба за последиците од петарди

20.12.2025 15:03

Не користете петарди оти може да имате траен инвалидитет. Ова беше пораката што волонтерите од Црвениот крст заедно со полицијата од Струмица ја упатија од симулациската вежба што ја демонстрираа пред граѓаните. Апелираа за празниците да не се користат петарди.

Никола заедно со неколку волонтери на Црвениот крст од Струмица демонстрира како играчка станува плачка. Палејќи петарда тој ги загуби два прста од десната рака. Вежба која може да биде и реалност, вели Никола.

Вежбата на струмичкиот плоштад ја реализираа „Црвениот крст“ Струмица заедно со секторот за превенција при струмичката полиција. Целта им беше во пресрет на празниците да се подигне свеста кај јавноста, да не се користи пиротехника.

Пиротехничарот Ефтим Митров, вели дека децата најчесто трпат повреди од петарди за што упати апел до родителите.

Струмичката полиција заедно со волонтерите на Црвен крст, делеа и флаери по улиците се со цел за празниците не се користат петарди.

 

Ване Трајков