Петти конгрес на ДУИ
5-тиот конгрес на ДУИ. Претседателот на интегративците најави нов „Национален договор за напредок“ и побара целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години. Ахмети предложи и воведување на „извршен Бадентер“ при избор на Владата.

ДУИ на 5-тиот конгрес усвои резолуција за стратешките цели, членството во НАТО. Интеграцијата во ЕУ, почитувањето на рамковниот договор, економската благосостојба и зелената агенда. Лидерот на ДУИ, Ахмети побара за зачувување на унитарноста на Македонија изборот на владата, одликите на Уставниот суд да биде со двојно мнозинство и трансфер на надлежноста за образованието, здравството, локалниот развој и финансиска автономија на општините.
„Дојде време за нов историски договор. Договор не за опстанок, туку напредок. Овој договор не е само политичка програма туку е заеднички обврска на сите заедници коишто живеат во нашата држава. Тој претставува морално ветување кон идните генерации и визија за држава во која достоинството е гарантирано, а соништата се остварливи. Нека овој договор биде нашето следно национално постигнување. Моментот кога стабилноста ќе се претвори во прогрес, а мирот во напредок. Нека остане како доказ дека ние се обединивме не само да избегнеме конфликт, туку да изградиме подобар живот за секој наш граѓанин.“, изјави Али Ахмети-претседател на ДУИ.
ДУИ го избраа новиот генерален совет на партијата од 120 членови.
Со големо мнозинство, Ахмети беше реизбран за претседател на ДУИ.
На конгресот не се случија најавените измени во раководството, со заминување на ветераните и избирање на нови кадри без багаж од минатото. Нивниот избор ќе се прави на партиските тела.
Ирина Гелевска
