Скопје денеска втор најзагаден град во Европа
Според Ај-Кју-Ер, главниот град е денеска втор најзагаден град во Европа, а во светот е на 20-то место. Најзагаден воздух дишат жителите на населбата Илинден. Во сила се итните мерки против аерозагадувањето.

Скопје и Битола во моментов најзагадени градови во нашата земја, покажуваат податоците на Министерството за животна средина. Според Ај-Кју-Ер, главниот град е денеска втор најзагаден град во Европа, а во светот е на 20-то место. Најзагаден воздух дишат жителите на населбата Илинден. Во сила се итните мерки против аерозагадувањето.
Загадувањето во главниот град е децениски проблем, особено во зимскиот период и во времетраењето на грејната сезона. Министерството за животна средина ги активираше протоколите за заштита на здравјето на граѓаните, со посебен фокус на ранливите категории. Ослободени од работни обврски се бремените жени, лицата постари од 60 години и хронично болните.
Пулмолозите со апел до сите граѓани, ако немаат итна потреба, да не излегуваат надвор.
