ССМ: Минималната синдикална кошничка за декември достигнува 65.492 денари
Сојузот на синдикати на Македонија објави дека минималната синдикална кошничка за декември годинава достигнува 65.492 денари и е зголемена за 319 денари во споредба ноември...

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека минималната синдикална кошничка за декември годинава достигнува 65.492 денари и е зголемена за 319 денари во споредба ноември.
Според ССМ доколку се додаде и закуп за стан од 60 квадратни метри, минималната синдикална кошничка за декември достигнува 80.867 денари., според нивните пресметките декември се потребни 23.640 денари за храна и пијалоци, 7.159 денари за образование, 6.130 денари за кирија, вода, струја и греење, 5.875 денари за облека и обувки, 4.636 денари за превоз, 4.131 денари за ресторани и хотели, 3.417 денари за комуникација и 2.620 денари за лична хигиена и одржување на хигиената во домот.
