Велес

Расте интересот за браунфилд инвестиции

06.09.2014 16:11

Економијата во Mакедонија расте, бројот на невработени се намалува. Гринфилд, но се почесто и браунфилд инвестициите се потик и за локалната економија. Општина Велес со големи очекувања.

Има надеж за празните производствени хали. Се почесто потенцијални странски инвеститори доаѓаат за да ја скенираат нивната состојба. Бројот на браунфилд инвестиции драстично ќе се зголеми, сметаат од Сојузот на стопански комори.

„Факт е дека се поголем е бројот на странски инвеститори кои ја посетуваат Македонија од аспект  на нивни отварања на капацитети во Македонија и во браунфилд и во гринфилд инвестиции. Тоа е пред се за одличните економски услови кои ги нуди Македонија“, рече Сотир Ампов, претседател на Индустриската комора при ССК.

За развој на овој вид на инвестиции, владата на можните инвеститори им нуди 400 објекти. Најчесто тоа се  капацитети на пропаднатите индустриски гиган. Три од нив се во Велес. Од локалната самоупрва потенцираат, пред можните инвеститори поденакво се  промовираат  овие објекти и парцелите во индустриските зони. По Караслари, на продажба Општината ќе ги стави и перцелите од Речани 2.

„Согласно со нашите координации со ресорното министерство ќе имаме уште една објава за индустриската зона Речани“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.

Ниските даноци, поволните кредити и кавлификуваната работна сила според експертите се главните фактори кои Македонија ја прават најпогодна дестинација за инвестирање во регионот.

Статистички вредноста на инвестициите во државата во споредба со соседните земји е во нагорна линија и во полза на Македонија.

Дијана Иванова