Економија

Поголема соработка за повеќе пари од дијаспората

21.12.2025 18:15

Парите од дијаспората сè уште продолжуваат да се трошат за живот, дел и во недвижнини, но не и во позначајни инвестиции. Економските познавачи на став неопходно е државата да ја подобри комуникацијата, соработката со иселениците.

Македонските иселеници лани во земјава пратиле 310 милиони евра, односно два отсто од бруто-домашниот производ. Најголем дел од овие пари продолжуваат да се. Куманово е меѓу градовите со најголеми приливи од странство.

Не е познато колку вкупно пари заработиле кумановските печалбари изминатите години во Ирак и Авганистан. Проценките се движат и до една милијарда долари. Но повеќето од повратниците од овие држави одлучија средствата да ги вложат во недвижнини.

Значаен број граѓани, но интерес за посериозни инвестиции дома, нема.

„Нема обрт толку голем, луѓе да имаме нешто често да се отвора фирма, толку ни е капацитетот, два милиони луѓе“, вели еден кумановец.

„Економијата е многу слаба, немаме доволно специјалисти тие избегаа“, нагласува друг.

„Инвестираат само во станови, тоа е само задржување на капитал“, истакна трет.

Парите од иселениците се добра“ професорот Наумоски државата мора да ја зајакне соработката со дијаспората.

„Да ја засилиме конекцијата со дијаспората тоа е првата работа и втора работа сигурно дека таквиот начин на комуницирање ќе биде низ организирана форма. Државата секако тука може да биде од значително поддршка и помош, е, дијаспората“, вели Наумовски.

Како позитивен пример професорот го истакна искуството на македонската дијаспора во американските држави. Голем дел од младите повеќе не се во системот на работници, туку креирале успешни бизниси и остваруваат значајни приходи.

Елена Георгиевска