Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром
Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“.

Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“.
Во моментов на аеродромот во Скопје нема ниту еден авион. Ниту еден од шесте авиони на „Визер“ кои се стационирани во базата во Скопје вчера не успеа да слета дома на Скопскиот аеродром. Поради маглата авионите беа пренасочени на аеродромите во Приштина, Софија, Тирана, Солун и Охрид. Екипажите на „Визер“ утрово патуваа до аеродромите каде вчера им слетаа авионите и од таму ќе летаат кон дел од дестинациите што утрово беа откажани, за да ги земат патниците на летовите кон Скопје.
Поради многу густата магла вчера на Меѓународниот аеродром Скопје слетаа само три авиони и само тие успеаја да полетаат попладне, кога малку се подобрија временските услови.
