Пресметки колку ќе нè чинат новогодишните и божиќните празници
Се ближат праниците, ама и пресметките колку ќе чини новогодишната прослава. На скалата на цени, највиско се маркетите, најнискозелените пазари.

Колку чини Новогодишната прослава? Трпезата, скромна или богата, не може да изостане. Но тука се и трошоците за украсување, за подароци, за прослава дома, во друштво, или организирано. Списокот на трошоци се зголемува, паричникот се собира. Граѓаните калкулираат со трошоците-од 60-тина до 400 евра.
Месарниците се децидни: За трпезата, главно, се бара свинското, кое, за среќа, е релативно евтино. Ама, не е како порано. Потрошувачката опаѓа со иселувањето на младите.
Зелениот пазар е стабилен.
Според статистиките, зеленчукот во ноември бележи пад на цените за 3,9 проценти.
Новогодишна трпеза ќе ја има, скромна или богата. И овој пат за прославата, клучниот збор го има паричникот.
Елизабета Митреска
