Се помалку домашно производство на зеленчук
Во Македонија на прсти се бројат субјектите кои произведуваат зеленчук преку зима. За потребите на пазарите претежно за се увезува. Струмичките земјоделци сметаат дека со помош на државата во модернизација на процесот на одгледување, може да имаме и свое производство од декември до март.

Драги Памуков од Куклиш очекува берба од околу 30 тони зелка зимава. Нема можности за производство на домати, краставици во овој период оти пластениците не ги затоплува. Вели дека тоа е голема инвестиција но со помош на државата можно е секоја зима да произведува и овој тип на зеленчук.
Агроекспертите тврдат дека струмичкиот регион има услови за одгледување зеленчук преку зима но потребна се дополнителни инвестиции. Д-р Ристо Вучков, вели дека има млади во струмичко кои во зимските месеци произведуваат зеленчук со помош на современи технологии. Државата е таа што треба да има стратегија.
Во струмичко во овој период претежно се произведува зелка и зелена салата. Во Банско каде се користат топлите води за загревање идниот месец ќе почне бербата на пиперките.
Ване Трајков
