Скопје
Планината е лек за нечистиот воздух
21.12.2025 13:57
Секое вдишување е ризично за здравјето. Лекот е планината, а каде ако не на Водно...

Скопје се гуши во смог и магла. Секое вдишување е ризично за здравјето. Лекот е планината, а каде ако не на Водно.
Редици луѓе чекаа да се качат на жичницата. Дури и најмалите знаат зошто.
Пред заминување некое топло костенче добро ќе дојде.
И пред самиот врв веќе сонцето почнува да ве гали. А белите дробови ви велат благодарам на секој здив, друг свет, млади, деца, возрасни секој си има свое уживање.
Дури и странските туристи си ја замениле програмата за оваа убавина.
Спасот е во околните планини, но надежта за чист воздух останува.
Маглата го поремети и авиосообраќајот на скопскиот аеродром. Има откажани или одложени летови.
Фиљана Кока
