Скопје

Аерозагадувањето високо, „Козле“ се полни со пациенти

21.12.2025 16:20

Загадениот воздух има сериозни последици по здравјето на децата поради развојниот процес на белите дробови и чувствителниот имунолошки систем.

Енормното загадување на воздухот ги наполни болниците и предизвика компликации кај хронично болните, особено кај оние кои страдаат од астма и други белодробни заболувања. Но, на удар се и децата.

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата во „Козле“ дневно има по 150 прегледи. Хоспитализирани 60-тина деца.

Загадениот воздух има сериозни последици по здравјето на децата поради развојниот процес на белите дробови и чувствителниот имунолошки систем.

Педијатрите советуваат да се избегнува престој на отворено кога загадувањето е високо, а родителите, доколку имаат можност да ги однесат децата на планина на чист воздух.

 

Марина Стојанова-Тонева