Со ЕУ Лидер програмата развој на руралните подрачја
Лидер е дел од ИПАРД мерката како политика на ЕУ за развој на руралните подрачја. За да може да се аплицира потребно е до формирање на локална акциска група која треба да се регистрира во Ценрален регистар како правно лице...

Единиците на локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата треба да се организираат, да најдат заеднички интереси и да работат на проекти со кои се подобрува квалитетот на животот во руралните средини. Во рамките на УСАИД проектот за експанзија на малите бизниси во Куманово се одржа работлница на која беше потенцирано како заеднички да се делува за да може да се искористат средства од ЕУ Лидер програмата.
„Од сите аспекти очекувам да се здружиме и на тоа да не гледаме како на конкуренција, туку заедно да дејствуваме за можеме да ги искористиме тие пари што Европа ни ги нуди“, вели Дарко Михајловски, бизнисмен од Куманово.
Лидер е дел од ИПАРД мерката како политика на ЕУ за развој на руралните подрачја. За да може да се аплицира потребно е до формирање на локална акциска група која треба да се регистрира во Ценрален регистар како правно лице, а потоа и во Министерството за земјоделство и од 2016-та да се аплицира за средства од Лидер програмата.
„Групата ќе ги утврди приоритетите и преку конкурс на јавни набавки. Преку ИПАРД програмата ќе ги спушта парите во подрачјето и тогаш во зависност од природата на проектот што е изработен ќе конкурираат различни субјекти кои ќе имаат за цел да ги спроведат активностите внатре во самото подрачје“, објаснува надоврешениот консултант Звонко Наумоски.
Дел од учесниците имаат познавања за лидер пристапот.Веќе произлегле одредени идеи и иницијативи кои понатаму ќе бидат искорестени за изработка на стратегија за развој на регионот.
„Нашата задача беше преку информативни денови да ја рашириме идејата, за да може најобичниот граѓанин да ја разбере како и бенефитот од ова нивно заедничко здружување“, вели проект координаторот за ЕУ Лидер пристапот во североисточниот регион, Даниела Трајковиќ.
Во Северо-источниот регион ќе бидат формирани две акциски групи. Едната ги опфаќа чинителите од трите кумановски општини, а втората од кривопаланечкиот микро-регион со Кратово и Ранковце.
Габриела Димковиќ
