Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, магла по котлините

22.12.2025 08:08

По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од – 4 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла.