Нов обид за избор на в.д. државен јавен обвинител
Во четвртокот беше одложена затоа што на состанокот не се појави еден од членовите...

На седницата на Советот на јавни обвинители нов обид да биде назначен вршител на должност државен јавен обвинител. Во четвртокот беше одложена затоа што на состанокот не се појави еден од членовите. Изборот на в.д. обвинител следува по неотповикливата оставка на досегашниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена во вторникот, непосредно пред Собранието да расправа за негово разрешување на предлог на Владата.
Истиот ден, парламентот го констатираше престанокот на неговата функција, со што формално се отвори обврската советот да назначи привремен наследник од редот на јавните обвинители, кој ќе раководи со институцијата до избор на нов државен обвинител по редовна постапка.
