Седница на Економско-социјалниот совет
Во фокусот на разговорите ќе бидат растот на платите, минималната плата, усогласувањето со трошоците за живот како и мерките за заштита на куповната моќ на работниците во услови на зголемени цени...

Владата и синдикатите се очекува денеска да седнат на маса, каде ќе се разгледуваат барањата за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Во фокусот на разговорите ќе бидат растот на платите, минималната плата, усогласувањето со трошоците за живот како и мерките за заштита на куповната моќ на работниците во услови на зголемени цени. Последната пресметана потрошувачка кошничка за месец декември изнесува 65.492 денари.
Пресметка за трошоците на четиричлено семејство од 1 јануари ќе прави и Владата. Нема да биде минимална како синдикалната, туку просечна.
Според најавите, таа кошница ќе служи како основа за креирање на идните економски политики.
