МНР

Министерката Спиропали во официјална посета на нашата земја

22.12.2025 09:36

Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета.

Муцунски и Споропали ќе остварат средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во двете земји, билатералните односи и соработката, како и за можностите за нивно понатамошно унапредување во сите области од заемен интерес.