Локални избори 2025
Почнува предизборната кампања за четирите општини
22.12.2025 08:46
Во трка се 5 партии и коалиции и еден независен. Според Избирачкиот список, со право на глас во 4-те општини се нешто повеќе од 128 илјади гласачи...

Стартува кампањата за повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Ќе трае до 9-ти јануари на полноќ, гласањето е на 11-ти јануари. Во трка се 5 партии и коалиции и еден независен. Според Избирачкиот список, со право на глас во 4-те општини се нешто повеќе од 128 илјади гласачи.
Во 7 избирачки места, во Гостивар и 5 во Маврово-Ростуше има помалку од 10 избирачи, па тие своето право може да го остварат во најблиските избирачки места
