Блиски Исток

САД вршат притисок врз Израел и Хамас да продолжат со новата фаза од прекинот на огнот во Газа

22.12.2025 10:55

Греамза време на посетата на Тел Авив изјави дека ќе го охрабри американскиот претседател Трамп да го ослободи Израел да го заврши Хамас доколку милитантната група не се разоружа.

Американскиот сенатор Греамза време на посетата на Тел Авив изјави дека ќе го охрабри американскиот претседател Трамп да го ослободи Израел да го заврши Хамас, доколку милитантната група не се разоружа. Посетата доаѓа во време кога САД вршат притисок врз Израел и Хамас да продолжат со новата фаза од прекинот на огнот во Газа, кој стапи на сила на 10 октомври.

„Иако го славам прекинот на огнот, тоа беше големо достигнување, враќањето на заложниците дома беше на свој начин чудо. 90 дена по прекинот на огнот, хамас не се разоружува, туку се вооружува. Деведесет дена по прекинот на огнот, тие ја консолидираат власта во Газа, не се откажуваат од неа. Ова е проблем императив е брзо да смислиме план, да му ставиме на Хамас временски рок, да му дадеме време да ја постигне целта за разоружување, а ако не го стори тоа, би го охрабрил претседателот Трамп да го ослободи Израел да го уништи Хамас“, изјави Сенатор Линдзи Греам, републиканец, Јужна Каролина.

Војната почна со нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој околу 1.200 луѓе во Израел беа убиени, а над 250 други беа земени како заложници.