Реакции за досиејата на Епштајн
Заменик-главниот обвинител Тод Бланш, вели дека Министерството за правда објави само дел од досиејата до рокот утврден од Конгресот, со цел да се заштитат жртвите...

Администрацијата на Трамп го брани делумното објавување на досиејата на Епштајн, додека демократите се жалат на неправда. Заменик-главниот обвинител Тод Бланш, вели дека Министерството за правда објави само дел од досиејата до рокот утврден од Конгресот, со цел да се заштитат жртвите. Обвинителот вети дека администрацијата на Трамп на крајот ќе ја исполни својата обврска пропишана со закон.
„Многу е едноставно и многу јасно. Статутот исто така бара од нас да ги заштитиме жртвите. И затоа причината зошто сè уште ги разгледуваме документите и сè уште го продолжуваме нашиот процес е едноставно заштита. Истите поединци кои се жалат на недостаток на документи што беа објавени во петок се оние кои очигледно не сакаат да ги заштитиме жртвите“, изјави Тод Бланш, заменик-јавен обвинител.
Бланш, исто така, ја бранеше одлуката на одделот да отстрани неколку датотеки поврзани со случајот од својата јавна веб-страница, вклучувајќи фотографија на која е прикажан Трамп.
