Странските инвеститори - мека за транспортната фела
06.09.2014 16:41
Странските инвеститори и зголемениот извоз им донесоа нови зделки на македонските транспортери. По долги години затсој превозниците со нови каминиони имаат полни раце работа. Договорите ги склучуваат со странски шпедитери. Со обновата на возниот парк очекуваат заработката дириктно да ја инкасираат, бизнис кругот да го затворат сами...

Странските инвеститории ја раздвижија транспортната индустрија во Македонија. Дневните испораки и зголемениот извоз им донесоа добри зделки на транспортерите со нови камиони. До пред две години тапкаа за едни исти клиенти, сега отимизам кај оваа бизнис фела. Работат како продолжена рака на странските шпедитери, сеуште - проблем е да склучат договори за директни бизнис операции.
„Постојано има зделки, се зголеми бизнисот, за странските инвеститори возиме во двата правци, тоа е плус за нас транспортерите. Задоволни сме, имаме засебен возен парк“, вели Благоја Воинов – сопственик на компанија за транспорт.
За превоз се бараат еуро петки и шестки. Кај нас 75 насто од возниот парк се стари камиони. Само 2.700 возила се со европските критериуми за превоз. Побарувачката на транспортни услуги рапидно расте, но превозниците велат за добра заработка сеуште се чека. За реинвестирање на профитот во нов возен парк им треба време. Тврдат дека договорните цени за бизнис сеуште се на ниско ниво.. Бараат државата да им помогне да станат поконкурентни.
„Иако сме директни извршители, пред се сме втора рака. Затоа можноста да се заработи за обнова на возниот парк е многу мала. Јас сум сигурна дека кога фабриките ќе работат со полн капацитет и ќе се пуштат во употреба фабриките кои се во подготовка ќе се бара возило повеќе“, смета Билјана Муратовска- претседател на Макамтранс.
Со оптимизам дека за кратко ќе се бара и возило повеќе, превозниците очекуваат да се зголемат превозните цени, а договорите потпишани во услови на светската економска криза да ги заменат со нови.
Сузана Фиданска- Стоевска
