ИН МЕМОРИАМ

Македонското глумиште се простува од својот колега, актерот Лазе Манасковски

22.12.2025 11:03

Комеморација во чест на починатиот актер ќе се оддржи во неговата матична куќа, Драмски театар Скопје на 24 декември (среда) во 12 часот.

Драмски театар Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерот Лазе Манасковски е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Лазе Манасковски од 11:30 до 12:30 часот во капелата на гробиштата.

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 во Скопје, а почина на 20 декември 2025 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година, тој се вработил во Драмски театар Скопје каде бил професионално ангажиран сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.

Комеморација во чест на починатиот актер ќе се оддржи во неговата матична куќа, Драмски театар Скопје на 24 декември (среда) во 12 часот.