САД

Трамп го назначи Ландри, гувернер на Луизијана, за специјален пратеник на САД на Гренланд

22.12.2025 19:31

Американскиот претседател го назначи Џеф Ландри, гувернер на Луизијана, за специјален пратеник на САД на Гренланд...

Американскиот претседател го назначи Џеф Ландри, гувернер на Луизијана, за специјален пратеник на САД на Гренланд.

Во Данска велат дека одлуката на Трамп претставува јасен сигнал дека САД и натаму покажуваат силен интерес за островот. Данска, во чиј состав е Гренланд, повеќепати нагласува дека суверенитетот и територијалниот интегритет на кралството не се предмет на преговори.

Арктикот добива се поголемо стратешко, безбедносно и економско значење, особено поради природните ресурси и новите поморски рути.