Груевски: Не се откажуваме од плановите за енергетската независност на Македонија
Без разлика на предизвиците во регионот и Европа, Македонија нема да се откаже од обезбедување на енергетски извор што ќе ја направи земјава независна, вели премиерот Никола Груевски во интервјуто за „Република“...

Македонија нема да се откаже од обезбедување на енергетски извор што ќе ја направи земјава независна, без разлика на предизвиците во регионот и Европа, вели премиерот Никола Груевски во интервјуто за „Република“. Се разгледуваат неколку варијанти. Едната, вели Груевски, е проектот Јужен тек.
„Тој проект е во моментов во мирување, а дали ќе се реализира или не независи од нас бидејќи се работи за поголеми геополитички интереси на кои Македонија не може да има влијание“, вели Груевски во интервјуто
За примараната гасификација Груевски вели дека се преговора со ЕБРД, има потврда дека ќе добиеме заем за градба. Тоа во секоја земја го прави државата, а не концесионери. Освен делот меѓу Куманово и Штип кој треба да се врати со долгот од Русија другиот дел ќе се направи со финансирање од ЕБРД кој ќе чини 300 милиони евра. Во однос на секундарната мрежа при крај е тендерот што ќе го поврзе Скопје со сите фабрики и домаќинстава. Груевски очекува голем интерес на огласот за концесионери за источна и западна Македонија.
„Засега со овие количини што ги добиваме немаме проблем на краток рок, но на подолг рок кога ќе се изгради целата гасоводна мрежа низ Македонија – и примарната и секундарната – би ни требале дополнителни количини на гас“, објаснува Груевски.
Вотората можност е Азербејџанскиот гасовод Таф. Веќе е разговарано претседателот на Баку и со сопствениците на компанијата Сокар кои ќе го градат гасоводот. Нема проблем во дијалогот. Но, тој ќе стигне во Европа најрано во 2023 година. Се разгледуваат и други варијанти како приклучување кон интерконективниот гасовод мегу Романија и Бугарија, а втората да се повлече цевка од Грција. Нашиот економски тим комуницира и треба да се одлучи која ќе биде нашата прва или втора опција.
За првилекувањето странски инвеститори, Груевски вели дека се повеќе е раширен гласот за Mакедонија како атрактивна бизнис дестинација. Целта е да се донесат инвеститори низ цела Македонија и да се отворат нови работни места, вели премиерот Груевски во интервјуто.
Дијана Ценевска
