САД

Администрацијата на САД отповикува речиси 30 дипломати

22.12.2025 12:45

Стејт департментот одби да коментира за конкретни бројки или амбасадори кои се засегнати, но ги бранеше промените, нарекувајќи ги „стандарден процес во секоја администрација“...

Администрацијата на САД отповикува речиси 30 дипломати од амбасадорски и други високи позиции во амбасадите во светот. Стејт департментот одби да коментира за конкретни бројки или амбасадори кои се засегнати, но ги бранеше промените, нарекувајќи ги „стандарден процес во секоја администрација“.

Во Африка се отповикуваат амбасадори од 13 земји. Од Азиско-пацифичкиот регион, се менуваат амбасадори во шест земји. Од европските држави, покрај во Македонија, отповикани се и амбасадорите во Црна Гора, Словачка, Ерменија.

Според светските агенции, Трамп се обидува да го преобликува американскиот дипломатски став во странство, со персонал кој не е од ерата на Бајден и за кој се смета дека целосно ги поддржува приоритетите на САД - „Америка на прво место“.