Совет на јавни обвинители

Избран в.д. државен обвинител

22.12.2025 13:13

Анита Тополова-Исајловска избрана за вршител на должноста државен јавен обвинител. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Совет на јавни обвинители, каде што таа беше и единствен кандидат предложен за функцијата...

Анита Тополова-Исајловска избрана за вршител на должноста државен јавен обвинител. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Совет на јавни обвинители, каде што таа беше и единствен кандидат предложен за функцијата. Ова доаѓа откако минатата недела Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка, само неколку часа пред собранието да расправа за негово разрешување.

Анита Димитријевска-Велковска ја следеше седницата.