Неколку странски туристи повредени во сообраќајна несреќа кај Демир Хисар

06.09.2014 16:58

Околу 14 часот кај демирхисарското село Жван се случи тешка собраќајна несреќа. Во судирот што се случил помеѓу автобус со скопски регистарски таблички кој превезувал турски туристи за скопска туристичка агенција, а се движел во правец кон Кичево и товарно возило кое доаѓало од спротивната насока, односно во правец на Битола има пет  повредени лица.

Четворицата повредени се патници од автобусот, а повреден е и шоферот на товарното возило. Веднаш се префрлени на ургентното оделение при битолската Клиничка болница.

Во моментов врз нив се вршат потребните медицински прегледи на одделенијата согласно според нивните повреди. Неофицијалните информации велат повредените се вон животна опасност.