Украина

Одделните разговори во Мајами меѓу претставниците на Русија и Украина поминале конструктивно

22.12.2025 19:04

Американската делегација оцени дека одделните разговори во Мајами, меѓу претставниците на Русија и Украина поминале конструктивно. Зеленски потврди дека на маса биле безбедносните гаранции и реконструкција на земјата по војната. Кремљ ги негира извештаите дека Путин сака да ја освои цела Украина и делови од Европа. Во меѓувреме, руски генерал е убиен од експлозивна направа детонирана под неговиот автомобил во јужна Москва. Истражителите не ја исклучуваат можноста за вмешаност на украинското разузнавање.

Оптимистички тонови од САД по разговорите со руски и украински предавници во Мајами. Специјалниот претставник Виткоф уверува дека дебатата за ревидираниот мировен план во последните два дена била продуктивна и конструктивна.

„Русија останува целосно посветена на постигнување мир во Украина. Русија високо ги цени напорите и поддршката на Соединетите Американски Држави за решавање на украинскиот конфликт и повторно воспоставување на глобалната безбедност“, објава на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф

Клучните европски советници за национална безбедност, исто така, се приклучија на дискусиите за усогласување на заедничкиот пристап меѓу Украина, САД и Европа. Во фокусот развојот на планот од 20 точки, безбедносните гаранции и економскиот развој и просперитет по војната.

„Работата на документите за завршување на војната, за безбедносните гаранции и за реконструкцијата е во тек – тие детално ја разгледуваат секоја точка и има конструктивен ангажман со американската страна. Ова е важно. Тие исто така разговараат за времето – можни временски рамки за конкретни одлуки. Очекувам извештај од Рустем Умеров и Андриј Хнатов за деталите од дискусијата“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Кремљ ги негира извештаите дека Путин сака да ја освои цела Украина и делови од Европа.

„Не знаеме колку се веродостојни. Видовме некои извештаи за ова. Но, дури и да е ова вистина, тоа е од категоријата ситуации кога разузнавањето прави некое погрешно расудување, истражување и заклучоци. Ова апсолутно не е вистина“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Во меѓувреме, еден од клучните офицери на Кремљ е убиен во експлозија на бомба под неговиот автомобил во јужна Москва. Истражителите не ја исклучуваат можноста за вмешаност на украинското разузнавање.

„Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка во врска со автомобил-бомба во Москва, во која беше убиен началникот на Дирекцијата за оперативна обука на Генералштабот на руските вооружени сили. Се истражува убиството. Една од нив е дека злосторството е оркестрирано од украинските разузнавачки служби“, изјави Светлана Петренко, портпаролка на Истражниот комитет на Русија.

Изминатиот викенд Русија ги интензивираше нападите низ Украина, насочени главно кон јужните региони, вклучувајќи ја и Одеса.

Маријана Димовска