Одбрана

Годишен брифинг на Министерството за одбрана со одбранбените аташеа акредитирани во земјава

22.12.2025 19:13

Зголемен воен буџет, засилена модернизација и учество во мировни операции, е планот за активностите во 2026-та година, посочија од Министерството за одбрана на годишниот брифинг со воените аташеа. Продолжуваат сите мировни операции, но македонски војници нема да бидат испратени во мировна мисија во Украина, дециден министерот за одбрана Мисајловски...

Стабилен раст на воениот буџет, засилена модернизација и продолжување на учеството на мировните операции во 2026-та, најавија од Министерството за одбрана и од Генералштабот, на брифингот со воените аташеа. Македонски војници нема да учествуваат во евентуална НАТО мировна мисија во Украина, дециден Мисајловски.

Пред воените аташеи беше презентиран планот за наградба на полигонот Криволак, на кој и наредната година ќе можат да вежбаат сојузничките армии и партнерите. Ќе се соработува и на заедничкото учество во мисии.

Во 2026-та година, Армијата ќе се подмлади со 300 професионални војници. Ќе се вложува во одбрана и отпорност на државата од кибернапади и хармонизацијата на одбранбеното планирање со сојузниците.

Ирина Гелевска