Сточарите се заканија со протести, бараат исплата на субвенциите
Сточарите се заканија со протести – блокади на патишта и трактори пред Влада, ако не им бидат исплатени субвенциите од државата, кои како што рекоа доцнат веќе година и половина. Велат, не можат да продолжат со производството на млеко, месо и сирење ниту пак, можат да се справат со големиот број грла овци, бидејќи немаат средства...

Блокади на патишта и трактори пред Влада, сточарите се заканија со протести ако не им бидат исплатени субвенциите кои доцнат година и половина. Велат, не можат да продолжат со производството на млеко, месо и сирење ниту пак можат да се справат со големиот број грла овци. Бараат остварување на законските права и обезбедување егзистенција за своите семејства. Според нив, без итна реакција од институциите, последиците по домашното производство ќе бидат трајни.
Од Министерството за земјоделство со одговор дека поради изборниот процес немало можност да се исплатат субвенциите. Најавија исплата на средствата за 2024-та за сточарите во текот на денешниот ден.
„Министерството континуирано ја следи состојбата и е во комуникација со засегнатите страни. Наш приоритет на кој работиме е навремена реализација на обврските и решавање на отворените прашања“, велат од МЗШВ.
Од земјоделство велат, за евентуално неисплатени средства на субвенции за 2023-та година, корисниците треба да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, која како што посочуваат е одговорна за реализација и детална проверка на поединечните случаи.
Александра Спировска
