Алиу: Социјалниот дијалог е клучен инструмент за градење стабилен и функционален здравствен систем
Вработувања, медицинска опрема, специјализации во здравени домови, миграција на доктори, предизвици со кадарот во ИМП, унапредување на Мој термин - ова беа дел од темите на денешната средба за кои министерот посочи дека во тек се процеси за нивно унапредување, информираат од Министерството за здравство.

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска имаше средба со претставници на Независниот синдикат за здравствени работници и административно-технички персонал.
Вработувања, медицинска опрема, специјализации во здравени домови, миграција на доктори, предизвици со кадарот во ИМП, унапредување на Мој термин - ова беа дел од темите на денешната средба за кои министерот посочи дека во тек се процеси за нивно унапредување, информираат од Министерството за здравство.
Министерот Алиу нагласи дека социјалниот дијалог е клучен инструмент за градење стабилен и функционален здравствен систем, затоа што само преку редовна и отворена комуникација со синдикатите може навремено да се препознаат проблемите и да се креираат одржливи системски решенија.
