Анита Тополова- Исајловска е избрана за в.д. државен јавен обвинител
Анита Тополова- Исајловска избрана за вршител на должноста државен јавен обвинител. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Советот на јавни обвинители, каде што таа беше и единствен кандидат предложен за функцијата. Ова доаѓа откако минатата недела Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка, само неколку часа пред Собранието да расправа за негово разрешување…

Заменик државната обвинителка Анита Тополова- Исајловска ќе ја извршува највисоката обвинителска функција до изборот на наследникот на Коцевски. Таа беше единствен кандидат и доби едногласна поддршка од Советот.
При номинацијата за нејзин избор беше истакнато дека Тополова- Исајловска повеќе години работела на заменичкото место, па добро ги познава случувањата и состојбите и може да се справи со предизвиците што ги диктира работниот ангажман.
Тополова- Исајловска ќе ги координира обвинителствата најмногу шест месеци, а во овој период треба да се спроведе конкурс за избор на нов републички обвинител, кој ќе стапи на функцијата откако ќе добие амин од Собранието.
Анита Димитријевска-Велковска
