Економско – социјалниот совет

Нема договор за зголемување на минималната плата

22.12.2025 16:11

600 евра минимална плата и зголемување на сите останати за 6.000 денари побараа ССМ поради, како што велат, зголемените трошоци за живот и најмалата минимална плата во регионот. Работодавачите велат дека компаниите не се во кондиција да го одврзат кесето. Кај Владата има волја за зголемување на минималната плата, но велат, да ги пружиме нозете колку ни е чергата.

Синдикатите, работодавачите и Владата на Економско-социјалниот совет се договорија дека ќе се договорат за минималната плата. 600 евра минимална плата и зголемување на сите останати за 6.000 денари побараа ССМ поради, како што велат, зголемените трошоци за живот и најмалата минимална плата во регионот.

Работодавачите велат дека компаниите не се во кондиција да го одврзат кесето. Евентуално зголемување е можно доколку има олеснување на придонесите.

Кај Владата има волја за зголемување на минималната плата, но велат, да ги пружиме нозете колку ни е чергата. Во моментов нема основа за интервентно зголемување, бидејќи инфлацијата во ноември се зголемила за 0,5 насто, а следната година се очекува да се намали од четири на три насто. Слабата продуктивност, а зголемената плата би била притисок за компаниите кои ќе бидат принудени да отпуштаат работници-појаснува министерот Дурмиши.

Околу 25 илјади работници се на минимална плата. Засега според пресметките на ССМ три минимални плати се потребни да се наполни потрошувачката кошничка, а од први јануари ќе се пресметува и просечна потрошувачка кошничка на државно ниво.

Александра Велинова