Енергетика

ЕСМ бара владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја

22.12.2025 16:42

Државните електрани на Македонија побараа од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја. Одлука ќе се носи на владината седница поради отежнатата набавка на енергенси, како последица на блокадите на грчките земјоделци...

Државните електрани на Македонија побараа од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја. Одлука ќе се носи на владината седница поради отежнатата набавка на енергенси, како последица на блокадите на грчките земјоделци. Кризна состојба се бара за да се овозможи Владата да ги отстапи државните резерви со мазут, со цел производство на струја и топлинска енергија сè додека не се реши проблемот со Грција. Министерката за енергетика вели дека Македонија нема да има никави проблеми, што се однесува до пазарот со струја.

Паралелно, годишниот план за 2025-та предвидува инвестиции од околу 1,4 милијарди евра. Ќе се градат енергетски објекти со вкупна моќност од 1.265 мегавати.

В година ќе се градат енергетски капацитети-ветерни централи, гасна и когенеративна централа. Наскоро треба да помине и владиниот план, а во меѓувреме ќе се оценува дали е комплетна документацијата.

Од Министерството за енергетика соопштија дека во првиот квартал треба да се донесе и законот за обновливи извори на енергија.

Борис Грујоски